Учениците од ООУ “Крсте Петков Мисирков” засадија 59 цвеќиња во чест на прерано згаснатите 59 млади животи
Најтажен Ден на пролетта. Во чест на прерано згаснатите 59 млади животи денес учениците од предметна настава од нашето училиште засадија 59 цвеќиња во саксии. Ги наредија во вид на срце бидејќи починатите младинци и нивни другарчиња секогаш ќе останат во нивните срца. Дворот на училиштето доби 59 миризливи цвеќенца во знак на младите фиданки […]