Програма за Велигденските денови од 2 до 8 мај
На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани започнува Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани.
На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани започнува Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани.
По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати честитка, во која стои: „Почитувани сограѓани, Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, дозволете ми да Ви го честитам Вам, на сите православни верници и да Ви посакам Христова љубов, здравје и спокој во секој дом. Празнувајќи […]
На 2 мај, во Градскиот парк во Кочани ќе почне Велигденскиот хепенинг, што го организира Општина Кочани во соработка со стопански субјекти и јавни установи од Кочани. Од 10 ч. ќе се одржи „Велигденски пазар на можности“ на Јавната општинска установа „Павлина Велјанова“ – Кочани, кој ќе биде придружен со музички настапи на ученици од […]
Заврши инсталацијата на фотоволтаичните централи на кровот на Пречистителната станица за отпадни води во Кочани. Во присуство на претставници на фирмите за изведување и за надзор, на Општина Кочани и КЈП „Водовод“, фотоволтаичните централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати беа пуштени во пробна работа. Инсталацијата на фотоволтаичните системи на Пречистителната станица за […]
Се освежува бојата на оградите на мостовите и на заштитните огради во Кочани. Со договорот за фарбање огради што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Политехна-компани“ од Кочани, во тек е бојадисувањето на металните огради во Кочани. Активностите започнаа од Двојниот мост. Деновиве екипите работат на мостовите спротиводно на Кочанска Река, […]
Шаховскиот клуб „Кочани” беше домаќин на Третиот меморијален турнир “Тодор Милосиев-Тошо”. На турнирот во чест на кочанската шаховска легенда и шаховски педагог Милосиев, настапија 24 шахисти на возраст од 9 до77 години од Кочани, Свети Николе и Скопје. Најуспешен на турнирот беше Ѓорги Петров, на второ место се најде Јоцо Колев, а третото место му […]
Децата кои до крајот на календарскава година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31 јануари 2019 г., по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог имаат право да се запишат во прво одделение. Уписите во основните училишта во Кочани започнуваат од 9 мај, а согласно Законот за основно образование, […]
Со договорот за изведба на тротоари што Општина Кочани го склучи по спроведена јавна набавка со фирмата „Урбан павер“ од Скопје, почнува изградбата на нови пешачки површини на подрачјето на Кочани. Активностите започнаа од улицата „Трета македонска бригада“ во Кочани, каде што се одвиваат земјените работи, по што тротоарите ќе бидат поплочени со бетонски павер […]
На 62. Државен натпревар по музика што се одржа на 25 и 26 април во Битола, учениците од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани, Бјанка Димов и Јован Цветанов, под менторство на наставникот Благој Николов во дисциплина теорија на музиката ги освоија највисоките награди – прво место – специјална награда и прва награда. Макарија […]
На тема „Предизвици на младите лекари“, Општинската организација на СДММ – Кочани организираше јавна трибина на која беа изложени различни аспекти од здравствената сфера низ пренесени искуства на лекари кои од скоро ја почнале својата практика, како и можностите и предизвиците во јавното здравство во Македонија. Говорници на трибината беа младите лекари, Симеон Стојанов, лекар […]