„Безбедни училишта – развивање на доверба“ – работилница за креирање безбедни училишни средини
Во соработка со Општина Кочани, Здружението „Медиа плус“ од Штип ја спроведе работилницата „Безбедни училишта – развивање на доверба“, активност од проектот „Безбедноста е нашето мото“, поддржан од Амбасадата на САД. Работилницата ја водеа универзитетските професори Методи Хаџи Јанев од Воената академија „Михајло Апостолски“ и Олга Кошевалиска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ […]