Се одржа 4. Меморијален турнир во шах во чест на Тодор Милосиев-Тошо
Во организација на Шаховскиот клуб „Кочани“, се одржа 4. Меморијален турнир „Тодор Милосиев-Тошо“. Во спомен на долгогодишниот претседател, шаховски тренер и еден од најактивните членови на Шаховскиот клуб, настапија 20 учесници од најразлични возрасти. Првото место на турнирот го освои интернационалниот шаховски мајстор Ванчо Стаменков, второто – Гоце Ѓорѓиев, а третото – Бошко Стаменков. – […]
