Новогодишни пакетчиња за првачињата од кочанските училишта
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Општина Кочани приреди дружење со првачињата од кочанските основни училишта. На платото пред Центарот за култура „Бели мугри“, во новогодишниот амбиент во Градскиот парк, присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој на сите им посака добро здравје, радост, успеси и среќа во Новата 2023 година. […]