Потпишан договорот за реконструкција на дел од булеварот „Тодосија Паунов“ – источен влез во Кочани
Денеска во Владата, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот од првата транша финансиски средства во вкупен износ од 250 милиони евра наменети за капитални проекти во општините. Владата одобри 89 милиони денари за Општина Кочани за реконструкција на дел од булеварот „Тодосија Паунов“ од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до почетокот на […]