Трето место екипно за БК „Спартак“ на Државното првенство во борење слободен стил – У15 пионери и пионерки
Во организација на Боречката федерација на Македонија и техничка организација на Боречкиот клуб „Балканец“ од Штип, вчера во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип се одржа Државното првенство во борење слободен стил – У15 за пионери и пионерки. Кочанскиот боречки клуб го освои третото место екипно на натпреварувањето, со заостанување од 2 бода од првопласираната […]