ООУ “Никола Карев” – најдобро основно училиште во областа на спортот во Македонија за 2025 година
ООУ „Никола Карев“ – Кочани
Со огромна гордост и задоволство објавуваме дека нашето училиште е прогласено за Најдобро основно училиште во областа на спортот во Македонија за 2025 година.

Ова значајно признание е резултат на континуираната посветеност, напорната работа и спортскиот дух на нашите ученици, наставници и ментори, како и на поддршката од родителите и локалната заедница.

Успехот не е само наш тој е успех и за нашата Општина, доказ дека со заедничка визија, дисциплина и тимска работа се постигнуваат врвни резултати.

Горди сме на секој ученик кој го претставува нашето училиште, на секој наставник кој вложува срце и знаење, и на секој успех што го градиме заедно.

Продолжуваме уште посилно, со истата енергија и љубов кон спортот!

ООУ “Никола Карев” – Кочани





