Креирање ефективни земјоделски политики со проектот AgriExcel од програмата Interreg Europe
На 14 октомври во Кочани се одржа првата средба на засегнатите страни во рамки на проектот AgriExcel, финансиран од програмата Interreg Europe со цел размена на идеи, искуства и идентификување на приоритети за унапредување на регионалната соработка во дигитализацијата и иновациите во земјоделството.
На состанокот учествуваа претставници од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Советот на Општина Кочани, Центарот за развој на ИПР, граѓанскиот, приватниот сектор и од Локалната самоуправа, кои дискутираа за предизвиците и можностите за унапредување на агроиновациите и одржливиот развој.

Преку размена на искуства и добри практики, учесниците дадоа придонес кон дефинирање на приоритети и активности што ќе се реализираат во рамките на проектот.
Во фокусот на дискусијата беа теми како дигиталната подготвеност на земјоделците и интеграцијата на паметни решенија во земјоделските практики. Овој настан претставува значаен чекор кон зајакнување на локалните капацитети и креирање на ефективни политики за поддршка на земјоделството во регионот.
Општина Кочани продолжува активно да работи на развој на иновативно и конкурентно земјоделство преку европска соработка.
