Обновени „лежечки полицајци“ на пет улици во Кочани и Оризари
Во интерес на безбедноста на учениците, Општина Кочани ги промени успорувачите на сообраќај на улиците околу основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“ во Кочани, „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари и кај објектот на Детската градинка „Павлина Велјанова“ на ул. „Македонска“ во Кочани.

По изработката на сообраќајни проекти ќе се постават сообраќајна сигнализација и успорувачи на сообраќај и во селата Тркање и Подлог.
