Првачињата од Кочани станаа членови на Детската организација, ја дадоа свечената заклетва
Под мотото „Детето денес – иднината утре“ првачињата од Кочани ја дадоа свечената заклетва и станаа дел од најбројната организација на светот Детската организација.

Со песна, рецитал и насмевка, во ЦК “Бели Мугри” беше одбележан нивниот свечен прием.

Детската организација ги учи децата да бидат вредни, чесни, одговорни и добри другари.

Првачињата ги поздрави в.д градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски.

За првачињата настапија учениците од основните училишта од Кочани: ООУ “Крсте Петков Мисирков” Оризари, ООУ “Малина Попиванова”, ООУ “Раде Кратовче, ООУ “Никола Карев” и ООУ “Св. Кирил и Методиј”. Се претставија со свои точки, а првачињата имаа посебен ден исполнет со радост и влегоа во едно убаво семејство – Детската организација.

Настанот беше во организација на Општина Кочани во соработка со основните кочански училишта.


