Септемвриска крводарителска акција во Црвен крст Кочани – собрани 38 крвни единици
Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната септемвриска акција за дарување на крв.

На акцијата крв даруваа 38 крводарители од кои 12 млади лица до 30 години и еден првократен дарител.

Акцијата е 15-та што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

Крводарителите може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина Кочани или секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани.
