КК “Баскет Дино” го најавува стартот на новата сезона и започнува со нови уписи
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Баскет Дино – љубовта кон кошарката што обединува генерации и ја носи иднината во источна Македонија!
Со огромна гордост и возбуда го најавуваме стартот на новата сезона И ЗАПОЧНУВАЊЕ НА НОВИ УПИСИ на Баскет Дино, клуб кој од ден на ден расте, се шири и станува симбол на спортот и заедништвото во регионот.

Во сезоната што следува, нашиот клуб ќе настапи во четири категории: М12 – машки, М12 – женски, М14 – машки, М14 – женски.
Ова не е само спортски календар – ова е приказна за стотици деца, родители и тренери кои заедно сонуваат, тренираат и се борат.
Но нашата приказна не завршува тука!
Во тековните денови, Баскет Дино ќе го потврди и учеството во Првата кошаркарска лига ( Втора Лига Мажи) на Македонија, чекор кој ќе го вгради нашиот клуб во срцето на македонската кошаркара.
Не запираме само во границите на нашата држава. Ќе учествуваме на меѓународни турнири, ќе играме пријателски натпревари, ќе создаваме пријателства и ќе ја шириме македонската кошаркарска приказна надвор од границите.
Ова е и повик – до сите млади, особено до девојчињата и момчињата од источна Македонија – приклучете се кон најголемото кошаркарско семејство!
Во Баскет Дино ќе најдете љубов кон спортот, дисциплина, другарство и можност да станете дел од нешто поголемо од самиот натпревар.
Ви благодариме што сте со нас. Заедно создаваме иднина. Заедно ја пишуваме историјата.
Баскет Дино- ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, ЗАЕДНО ПОБЕДУБАМЕ!
За повеќе информации обратете се во инбокс или на тел. броеви: 📞070-362-221📞078-319-021📞078-449-620
