Проекција на краткиот филм „Налепница“ и разговори со Унковски и Коцев
Во рамките на програмата за млади „Лето во друштво“, на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани беше проектиран краткиот филм „Налепница“, по сценарио и во режија на Георги М. Унковски.

Публиката имаше можност да разговара со режисерот Унковски и актерот Сашко Коцев, кој ја игра главната улога. Гостите говореа за инспирацијата, снимањето на филмот, локациите, за необичните случки…„Налепница“ е краток филм за нашето трагикомично секојдневие, победник на меѓународниот фестивал за краток филм „Ин д палас“ во 2020 година, а потоа многукратно наградуван.

Програмата за млади „Лето во друштво“ ја подготви и реализира Центарот за психосоцијална и кризна акција Малинска во соработка со Општина Кочани, Локалниот младински совет Кочани и Сапорт Кочани.




