Честитка по повод 2 Август – Денот на Републиката (Илинден) од ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани граѓани,
ОК на ВМРО-ДПМНЕ, упатува искрени честитки по повод големиот државен празник 2 Август – Илинден, симбол на македонската борба за слобода, државност и национално единство.

Илинден 1903 и Илинден 1944 се темелите врз кои е изградена македонската држава – борбата на илинденците и асномците нè обврзува никогаш да не отстапиме од правото на сопствен идентитет, јазик и историја.

Денес, повеќе од кога било, потребно е да се вратиме на вредностите на Илинден – обединување, патриотизам, правда и достоинство.

Да продолжиме по патот на оние кои се бореа за слободна и независна Македонија.
Нека ни е вечен Илинден!
Нека живее Република Македонија!
ВМРО-ДПМНЕ