Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија во посета на Општина Кочани
Денеска, делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија предводена од Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас остварија официјална посета во Општина Кочани и средба со в.д градоначалникот Венко Крстевски.

На средбата се споделија информации за моменталната ситуација во Општината, како и предизвиците со кои се соочуваме.

Од страна на в.д градоначалникот и општинската администрација беа презентирани можностите и потенцијалите за развој на градот, со акцент на младите кои ќе бидат едни од главните приоритети на Општината во следниот период.

Во склоп на денешната средба беше презентиран Спомен–домот „АСНОМ“ како еден од капиталните објекти на градот, којшто во иднина треба да се реновира и да биде ставен во функција на младинските организации.

Се разговараше и за досегашната поддршка од страна на ЕУ која се однесува на изминати и тековни проекти поддржани од страна на ЕУ, но и за понатамошната заедничка соработка, поддршка во повеќе сегменти и проекти кои Општината допрва ќе ги има во иднина и ќе бидат од големо значење за развој на градот.
