Крпење ударни дупки и оштетени асфалтни површини во Кочани
Деновиве градежна механизација работи на крпење на ударните дупки и на оштетените асфалтни површини на улиците во Кочани.

Избраниот изведувач „Стоименов“ изврши поправки на оштетениот асфалт на улицата „Бел камен“, а наредниов период ќе се работи на идентификувани локации низ општината.

Од Секторот за уредување на градежното земјиште информираат дека за тековната година за крпење ударни дупки и оштетени асфалтни површини се наменети 2.638.000 денари од Буџетот на Општина Кочани.
