Прес на директорите на кочанските училишта: “Обвинувањата од градоначалникот се политичка кампања, плаќаме нереални сметки- бараме средба со Крстевски за решавање на проблемот со долгот за вода”
Директорите на средните и основните училишта во Кочани денеска на прес конференција, јавно зборуваа за своите проблеми кои ги имаат. Велат наместо проблемите да се решаваат на средба со в.д. градоначалникот, тие се изнесуваат преку јавноста.

Долговите кои ги имаат кон КЈП Водовод Кочани, за дел од нив се стари, но како што велат не основани. Прво им се зголемила цената на геотермалната вода, површината на самите училишта, а блок дотациите останале исти или се намалиле.

Во своите излагања тие зборуваа за неисполнети обврски од страна на Комуналното во делот на температурата и количините на термалната вода, за нереални пресметки по основ на смет и зголемувања на квадратура со енормни разлики во површините и финансиските издатоци и други сериозни недоследности.

-Покачувањето за геотермалната вода, за огревот и покачувањето односно непочитувањето на методологијата за собирање на отпад од училиштата наместо по метар кубен се прави по метар квадратен и затоа сметките се огромни“ – вели Александар Андов, директор на ООУ” Никола Карев”.

Дополнителен проблем е и температурата на геотермалната вода. Дел од училиштата кои ја користат оваа мора дополнително да набават и нафта со цел топли училници за учениците.
-Доаѓа со помалку од 40 степени. Имаме реагирано претходно. Само да ви кажам сумите кои ги плаќаат двете училишта е десет илјади евра, истакна Љубомир Гацов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани.

Проблеми имаат и останатите училишта. Директорите тврдат дека сметките за вода драстично се покачени, и иако реагирале неколкупати до сега одговор нема, а долгот стои.
Директорите потенцираа дека чекале неколку дена да бидат повикани од в.д.градоначалникот за решавање на проблемот, но откско тоа не се случило, решиле преку прес пред медиумите да ги изнесат своите аргументи со цел да ја запознаат јавноста.
Директорите на основните и средни училишта во Кочани побараа средба со градоначалникот Венко Крстевски со цел да се разговара и да се реши проблемот со долговите кон КЈП Водовод Кочани.
