В. д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски – на работна средба со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски
По денешната средба со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски се враќа со одлични вести.

Заблагодарувајќи се за разбирањето и поддршката на Кочани, Крстевски соопшти дека заменик-министерот Ѓоко Велковски дал начелна поддршка и заложба за решавање на двете горливи прашања за Кочани: изградбата на дом за стари лица и пуштањето во употреба на изградената детска градина во Драчевиќ, „Детелинка“.
За Домот за стари лица Општина Кочани веќе поднесе проект за реализација на определената локација во поранешната касарна „Гоце Делчев“, а за новата детска градинка се потребни согласности од ресорното министерство за нови вработувања и поправка на неколку дефекти на објектот, на што би требало да се одговори во наредните два месеца.

На средбата со заменик-министерот Велковски е најавено и опремување на кујна за потребите на Детската градинка „Павлина Велјанова“.
Кочани има околу 8 000 пензионери и листа на чекање за прием во градинка на 200 деца.