Второ место за борачот Даријан Павлев со репрезентацијата на Македонија на Меѓународниот турнир ,,Ахилеа” У-15 одржан во Р. Грција
Борачот Даријан Павлев со репрезентацијата на Македонија настапи на силниот Меѓународен турнир ,,Ахилеа” У-15 одржан во Р. Грција.

-Го добив 2- рото место имав 4-борби од кој три победив и една загубив. Победив убедливо над: Албанец 10-0, Грк 13 -0, Молдавец 6-0. Поразот го добив исто од Грк 10-0.

Ова беше добро искуство за мене и се надевам на добра пат сум за престојните 2-Европски првенства за У-15 и У-17 и Балканското првенство но сепак не застанувам морам да продолжам со работа за да имам резултат.
Екипно во Лариса го освоивме 1-то место.
На овој турнир учествуваа борачи од Македонија, Грција, Албанија, Косово, Молдавија, Израел, Казахстан и Бугарија.

Тренери:Јасин Реџелари, Риад Реџепи и Марјан Христов
Судија од Кочани: Игор Христов
БК “Спартак”