Во контекст на актуелните заложби за решавање на проблемите со дивоградбите кај угостителските објекти во Кочани, службите за јавни набавки во Општина Кочани објавија оглас за отстранување нелегални објекти.
Проценетата вредност за оваа набавка е 847.457,63 ден. без ДДВ, а понудите се доставуваат до 20 мај 2025 г.
Заради редовно и непречено одржување и третман на Градска депонија во Кочани, на Електронскиот систем за јавни набавки е објавен оглас за набавка на половен булдожер.
Проценетата вредност на машината е 1.864.407,00 ден. без ДДВ, а понудите се доставуваат до 16 мај.
Во тек е јавната набавка за реконструкција и рехабилитација на улиците: „Цар Самуил“, „4 Македонска бригада“ и „Христијан Карпош“ во Кочани, како и „Сребрен Димитров“ во с. Прибачево и „Мите Јорданов“ во с. Тркање.
Проценетата вредност е 7.118.644,07 ден. без ДДВ, а рокот за доставување на понудите е до 19 мај 2025.