Собрани се 243 800 денари од хуманитарниот базар на ООУ ” Крсте Мисирков” од скопската населба Гази Баба
И скопските училишта се организираат за собирање средства за настраданите во пожарот во Кочани.

ООУ ” Крсте Мисирков” од скопската населба Гази Баба Скопје организираше хуманитарен базар и беше доста успешен. Се собраа 243 800 денари, а сите средства што се собраа ќе ги донираат за настраданите од Кочани, информираат од училиштето.

На базарот имаше интересни содржини како продажба на креативни изработки од учениците, домашна храна и многу други изненадувања. Имаше и забава со магионичар.

Базарот се одржа во спортската сала на училиштето а истиот се одржа под наслов “Мали раце – големи дела!

Настанот е во соработка со Support Кочани и општина Гази Баба.



