Априлска крводарителска акција – собрани 37 крвни единици
Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје и доктор од Службата за трансфузиона медицина – Кочани денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна априлска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 37 крводарители.
Акцијата е 6-та што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
