Презентиран извештајот за донираните средства на сметката на Црвен крст
Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски денеска се сретна со генералниот секретар на Црвениот крст на РС Македонија Саит Саити.

На средбата Саити го презентираше извештајот за собраните средства на Фондот за солидарност за настраданите во трагедијата во Кочани.

– Како што ветив, со Црвен крст обезбедуваме целосна транспарентност на процесот. Од претставениот извештај дознаваме дека има општини коишто немаат донирано средства за помош на Кочани. Наредниов период ќе ги повикаме да му помогнат на Кочани, затоа што ова е време на солидарност – соопшти Крстевски по средбата со Саити.
Официјално, во писмена форма извештајот ќе биде предаден утре.
