Општина Кочани донираше 3 милиони денари на Црвен крст – помош за настраданите во несреќата
Конечно се донирани одобрените средства од страна на Советот на Општина Кочани во износ од 3 милиони денари, наменети за семејствата на починатите и на повредените лица во несреќата што се случи во Кочани пред еден месец.
– Сакам да ја известам кочанската јавност дека и понатаму на различни начини ќе помагаме за закрепнување на настраданите. Воедно, ќе бараме извештај од Црвен крст за сите собрани донации наменети за семејствата на починатите и повредени лица, сѐ со цел да извршиме увид дали сите средства се соодветно распределени – вели в. д. градоначалникот на Општина Кочани.
Крстевски упатува сочувство до семејството на Стојанче Стефанов, кој почина по едномесечно лекување во Белград, Србија и е 62. жртва во трагедијата на 16 март.
