ООУ „Крсте Петков Мисирков“ : Велигденски натпреварувачки игри по повод празникот Велигден
Шарени, убави велигденски јајца украсија учениците од прво до петто одделение од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ в пресрет на најголемиот христијански празник Велигден.

Во училишниот двор тие сликаа велигденски јајца со темперни бои, а ги украсуваа со разни велигденски украси.

Освен украсување јајца, во школскиот двор се одиграа и велигденски натпреварувачки игри.

Учениците од прво до петто одделение се натпреваруваа во различни интересни игри како пронајди го јајцето, пренесување јајце во лажица со препреки, избор на најубаво велигденско јајце и слично.

Освен игрите, учениците од второ одделение цртаа и цртежи кошничка со велигденски јајца, а рецитираа и песнички за празникот.



