Златен медал за Даријан Павлев од БК “Спартак” на Меѓународниот турнир во борење “Злати Динев” одржан во Галабово Р. Бугарија
Даријан Павлев од 04-06.04 настапуваше на Меѓународен турнир во борење ,,Злати Динев” одржан во Галабово Р. Бугарија, во кој учествуваа повеќе од 100 борачи и тоа од: Р.Бугарија, Р.Турција, Р.Украина и Р.Македонија.

🥇Даријан Павлев го освои првото место на 68 кг. и беше прогласен за најдобар странски борач.

На самиот турнир имаше постигнато 4 победи каде што од страна на противниците не му беше земено ниту еден поен.

Даријан оваа победа со самиот медал и трофеј ги посветува за сите починати и повредени од трагедијата во Кочани.

Исто така со овој успех го охрабруваме нашиот тренер и претседател Зоран Сребренов и се надеваме на правда за него те чекаме сите тренер!!!

Исто така сакаме да се заблагодариме на Б.К Балканец и на тренерот Мики Тодоров од Балканец кој го предводеа Даријан на овој турнир.

Им благодариме за поддршката!!!
БК “Спартак”

