Започнаа градежните активности на дел од улицата „Тодосие Паунов“
Започнаа градежните активности на дел од улицата „Тодосие Паунов“ пред Полициската станица – Кочани.

Се реконструира левиот крак на улицата во ширина од 3,5 метри и должина од 200 метри.
Во склоп на работните активности се вклучува и замена на 5 канализациони шахти и 2 сливници.

Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“ од Кочани. Воедно се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат пропишаните сообраќајни правила и прописи.
