Нов фудбалски терен со вештачка трева во ООУ “Никола Карев”-Кочани
Денес официјално во употреба беше пуштен новиот фудбаски терен со вештачка трева во ООУ “Никола Карев”.

Теренот целосно го финасираше Министерството за спорт. На настанот присуствуваше министерот за спорт Борко Ристовски.

Со поддршка на Министерството за спорт целосно беше обновена подлогата на игралиштето со поставување на вештачка трева, изгадени се мали трибини за гледачите, обновени се фудбалските голови и поставена е дополнителна опрема.

Директорот на училиштето, Александар Андов се заблагодари за поддршката од ресорното министерство за реновирање на фудбалското игралиште.

Фудбалскиот терен ќе го зголеми квалитетот на наставата по физичко и здравствено образование, а ќе можат да го користат и за рекреативни цели сите граѓани на Општина Кочани.

