Членовите на ФА “Љупчо Сантов” го претставија македонскиот фолклор во Србија, на покана од КУД “Медвеџа” во Трстеник
Дел од членовите на ФА “Љупчо Сантов” од Оризари од 21-ви до 23-ти февруари беа на турнеа во Србија, на покана од КУД “Медвеџа” – Медвеџа, Трстеник.

Фолклористите настапија на 11-от завршен концерт и имаа заедничка забава со сите учесници.

Освен настапот имаа прошетка во Врњачка Бања и слободни активности со домаќините како и прошетка во Крушевац.

Од ансамблот упатија голема благодарност за поканата и гостопримството на членовите и нивните семејства на КУД “Медвеџа” – Медвеџа, Трстеник.




