Злато за Лука Змејковски и бронза за Нина Колева од Кик Бокс клубот Лидер на Европскиот кик бокс куп
Злато за кик боксерот Лука Змејковски на Европскиот кик бокс куп во Пловдив Р. Бугарија. Кик Бокс клубот Лидер од Виница настапи со двајца натпреварувачи на Европскиот кик бокс куп во Пловдив Р. Бугарија на кои учество зедоа 3000 натпреварувачи и 27 земји од цел свет и освоија едно прво Лука Змејковски и едно трето место Нина Колева.

Нина Колева беше поразена во полуфинале од противничка од Бугарија. Додека Лука Змејковски беше поуспешен од противник од Бугарија во полуфинале а во финалето го победи противникот на националната селекција на Молдавија.

Лука со оваа победа го зголеми бодовното салдо и останува број 1 на светската кик бокс ранг листа во светот.



