5 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали за кик боксерите на клубот “Лидер” од Виница
На 09.02.2025 во салата “Јане Сандански” во Скопје се одржа државното првенство во кик бокс на кое учествуваа членови од кокбокс клубот “Лидер” од Виница.

Освоија 5 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.

Учество зедоа и Кирил Тодоров и Александар Веселинов од Кочани.

Кирил Тодоров имаше две победи и зеде бронзен медал, се бореше храбро, но бидејќи настапи со температура немаше сили да оди до крај и се откажа за борбата во финале.

Александар Веселинов беше подобар во полуфинале, победи со нокаут, но исто така за жал беше принуден поради повреда да го откаже мечот во финале.


