Дочек на Новата 2025 година – Градскиот парк во Кочани полн со посетители и многу забава
Со организирана музичка програма, новогодишен огномет и многу забава, синоќа големиот број посетители во Градскиот парк во Кочани ја дочекаа Новата 2025 година.

Публиката уживаше во настапите на Наташа Малинкова, Habana Breeze Band i Dj Sandex.

Празничната музичка програма ќе трае до 14 јануари, а музички настан ќе се одржи и на 7 јануари Божиќ, со настап на пеачката Александра Јанева.



