Машко е првото бебе во новата година во ЈЗУ Општа болница- Кочани
Првото бебе во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани се роди денес на 01.01.2025 во 10:45 минути, информира Кристина Серафимова, директорка на болницата.

Бебето е од машки пол, тешко е 3.770 грама, долго е 51 сантиметри и е родено со Апгар 10/10.
Серафимова упатува голема благодарност до дежурната екипа на чело со д-р Илчо Атанасовски, д-р Адријана Лазарова, акушерките Дивна и Катерина.
На 31.12.2024 пак се роди женско бебе и од Ошта болница Кочани на новороденчињата им посакуваат добро здравје и среќно детство.
В среда на 02.01.2025 г. во 10 часот градоначалникот ќе го посети првото бебево новата година, информираат од болницата.
