Одржан новогодишниот концерт на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани
Под наслов „Музичка работилница со Дедо Мраз“, ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани го реализираше 23. издание на традиционалниот Новогодишен концерт на учениците и наставниците од кочанското основно музичко училиште.

Пред публиката беа изведени четири новогодишни концерти на хорот и оркестарот на музичкото училиште. Над 180 дечиња заедно со нивните наставници ги изведоа најпознатите новогодишни и божиќни песни во големата сала на Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани.

Концертите беа можност да се прикаже пред публиката сработеното на учениците и наставниците во годината што изминува. Громогласните аплаузи од публиката беа награда за брилијантната изведба на кочанските музичари.

Концертите се реализираа под покровителство на Општина Кочани и спонзорство на општествено одговорната компанија „ИНТ Груп“- Кочани.
