Златен медал и најсилен мастер за Лазар Захариев на Балканското првенство во Србија
На Балканското првенство во категоријата Pawerlifting bench што се одржа во Лесковац, Р.Србија, Лазар Захариев од Кочани со подигнати 210 килограми го освои првото место и се закити со златен медал. Воедно беше прогласен и за најсилен мастер.

Захариев не застанува тука. Во тек се подготовките за Светското првенство што во октомври ќе се одржи во Словачка.
