Музика од две виолини“ – одржан концерт во ЦК „Бели Мугри“ Кочани
Во Националната установа – Центар за култура “Бели мугри”- Кочани вечерва беше одржан концертот насловен „Музика од две виолини“ во изведба на Ѓоргиевска – Блажеска.


Станува збор за две виолинистки Елена Ѓоргиевска од Пробиштип и Благица Блажеска од Прилеп. Тие изведоа дела од германскиот композитор Георг Филип Телеман кој напишал 12 фантазии за соло виолина, од унгарскиот композитор Бела Барток кој напишат 44 дуети за две виолини и Марјан Јанкоски – автор на музички дела, редовен професор на Музичката Академија при УГД „Гоце Делчев“ во Штип.

Прва настапи Блажеска со три композиции од Телеман, потоа настапија двете виолинистки со дуети за две вилини со дела од Барток, потоа Ѓоргиевска со 4 композиции од Телеман, за на крај да ја изведат премиерната изведба за две виолини „Пастирско“ од Марјан Јанкоски.

Концертот е дел од годишната програма на установата за 2024 година и е со целосна финансиска поддршка од Министерството за култура.

Оваа есен ЦК „Бели Мугри“ Кочани нуди богата и разновидна културна програма за сечиј вкус. На 20 и 21 Септември се датуми кои се резервирани за новото филмско остварување „Бизнисот на задоволството“. Посетителите в сабота ќе имаат можност да се видат и со дел од филмската екипа кои што ќе бидат присутни на кино проекцијата. После долго време на задоволство на најмладата публика на 24 Септември има куклена претстава. На 25 Септември ќе биде одиграна претставата „Разведи ме“ во режија на Роберт Ристов. На 26 Септември во 19:30 часот ќе биде отворена изложба на уметникот Марјан Стојановски која што е дел од годишната програма. Првата недела од октомври ќе биде посветена на детето бидејќи е Недела на детето и во тој период се предвидени различни настани посветени на децата.

Сите детали околу настаните ЦК „Бели Мугри“ ги објавува на фејзбук и инстраграм страниците така што посетителите можат да се информираат навреме.
