Во ЦК „Бели Мугри“ Кочани отворена изложба на слики од 32. „Лесновска ликона колонија“, на 17 Септември во 19 часот концерт „Музика од Две виолини”
“Изложба на слики од 32. „Лесновска ликона колонија“ е отворена во ЦК „Бели Мугри“ во Кочани. Годинава учествуваа 17 уметници кои создадоа 34 уметнички дела. Главен покровител на „Лесновската ликовна колонија“ е општина Пробиштип, а организатор е Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

-Годинава бележиме 32 години постоење, а Лесновската колонија важи за една од најстарите и најреномираните колонии во нашата држава. Колонијата годинава се одржа од 25 до 30 јуни. Уметниците својата инспирација ја црпат од далеку познатиот Лесновски манастир кој важи за еден од најубавите манастири во нашата држава. Целата атмосфера во Лесново придонесува уметниците да остават прекрасни уметнички дела. Делата се изработени во акрил на платно и масло на платно. Твореа уметници од Македонија, Бугарија и еден уметник од Канада, истакна Сандра Мијалковска, директор на Дом на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.

-Оваа есен сите патишта водат кон ЦК „Бели Мугри“ Кочани, затоа што нудиме богата и разновидна културна програма за сечиј вкус. Денеска ја отвораме „Лесновската ликовна колонија“ а на 17.09 со почеток во 19 часот имаме концерт „Музика од Две виолини“ кој што ни е проект од годишната програма на институцијата. На 20 и 21 Септември се датуми кои се резервирани за новото филмско остварување „Бизнисот на задоволството“. Посетителите в сабота ќе имаат можност да се видат и со дел од филмската екипа кои што ќе бидат присутни на кино проекцијата. После долго време на задоволство на најмладата публика на 24 Септември имаме куклена претстава. На 25 Септември конечно во Кочани ќе ја имаме претставата „Разведи ме“ во режија на Роберт Ристов. На 26 Септември во 19:30 часот имаме изложба на уметникот Марјан Стојановски која што е дел од годишната програма. Првата недела од октомври ќе ја посветиме на детето бидејќи е Недела на детето и во тој период ќе имаме различни настани посветени на децата. Сите детали околу настаните ги објавуваме на нашите фејзбук и инстраграм страници така што посетителите можат да се информираат и таму, рече Ана Зафирова, директор на ЦК „Бели Мугри“ Кочани.



Изложбата е дел од годишната програма на Центарот за култура „Бели мугри“ и е во склоп на проектот превземени изложби за оваа година.

Заинтересираните граѓани делата ќе може да ги погледнат во наредните две недели во салонот фоаје 2 при установата.

