В сабота Доброволното противпожарно друштво од Кочани го слави третиот роденден
Доброволното противпожарно друштво од Кочани в сабота ќе го прослови третиот роденден од своето постоење.
Активностите ќе почнат во 10 часот со вторите меѓународни противпожарни игри, кои ќе се одржат на три локации во градот. Во прославата ќе бидат вкучени и сите основни училишта од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

– Доброволното противпожарно друштво – Кочани во склоп на својот трети роденден го организира вториот Меѓународен натпревар во противпожарни игри. Натпреварот ќе се одржи во централното градско подрачје, на три различни локации, на летната сцена позади Центарот за Култура „Бели мугри“, Стариот парк и третиот полигон е во Трговскиот центар, за на крај целиот натпревар да заврши во кругот на Територијалната противпожарна единица – Кочани. На натпреварот имаме пријавено екипи од Србија, Хрватска, Словенија и Бугарија како и друштва од Македонија. Почетокот е во 10 часот в сабота, 14 септември во Паркот на Револуцијата во Кочани, истакна Златко Илијев, претседател на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

Дел од содржините е и мала културно-забавна програма.
-Ќе имаме едно мало катче каде што ќе ги вклучиме и најмалите, односно дечињата од Детската градинка „Павлина Велјанова“ каде тие ќе имаат свој настап по отворањето на игрите, додаде Илијев.

Доброволното противпожарно друштво од Кочани брои околу 50 членови, а беше основано на 15 септември 2021 година како резултат на големиот пожар кој што го зафати Кочани.