Десет години „Вечер на Македонскиот афоризам“ во Кочани
Во Библиотеката „Искра“ во Кочани денеска беше промовиран алманахот за Десет години „Вечер на Македонскиот афоризам во Кочани“ што го организираше Здружението на граѓани „Афористичка репрезентација на Македонија – Кочани“.

Во присуство на граѓани љубители на хуморот и сатирата, се читаа афоризми напишани во десетгодишната традиција.

-Овде сме собрани вечерва да промовираме алманах за десетгодишнината од Здружението на граѓани Афористичка репрезентација на Македонија од Кочани. Станува збор за монографија под наслов Десет години „Вечер на Македонскиот афоризам“ во Кочани. Здружението на граѓани Афористичка репрезентација на Македонија од Кочани постои осум години а досега истото има реализирано десет настани. Во 2013 година беше формирано здружението, а се надеваме дека успешно ќе продолжиме и во иднина. Ние како здружение ја организираме вечерта на Македонскиот афоризам која последните три години ја организиравме на отворен простор. Оваа репрезентација ќе го смени името во АФ-КО скратено од афоризми – Кочани, рече Јане Атанасов, претседател на ЗГ „Афористичка репрезентација на Македонија – Кочани“.
