Борачите на БК „Спартак“ на петдневен камп во Дојран
Сојузот на училишни спортови на Македонија, во Дојран организира петдневен камп за млади борачи, репрезентативци до 15 години.

Предавачи на кампот се тренерите Иван Јанев и Гоце Ангелов, а со нив се борачите од БК „Спартак“, Филип Ангелов, Славица Митева, Стојана Митева, Едис Балилов, Даријан Павлев и Јован Илиев.

– На кампот учествуваат сите државни прваци. Имаме учесници од сите градови, после неколку години борењето е дел од овој училиштен спортски камп. Од Кочани, односно „Спартак“, учествуваат пет борач кои стана прваци на училиштното првенство, а како награда е кампот. Со тренинзи почнавме утринава. На располагање имаме убави услови, терен, теретана, базен. Децата се задоволни и се дружат меѓу себе. Од Кочани само борењето има претставници на овој спортски камп, што значи дека се потврдува работата и упорноста на БК „Спартак“ и кој почна да создава шампиони, истакна тренерот Иван Јанев.




