Во ЦК „Бели Мугри“ промовирана книгата „Хотел меѓу две војни“ на авторот Александар Русјаков добитник на „Рациновото признание“
Во малата сала на ЦК “Бели мугри” во Кочани беше промовирана книгата “Хотел меѓу две војни” и авторот Александар Русјаков добитник на „Рациновото признание“. Промотор беше Маријана Котевска-Георгиева.

Александар Русјаков е роден во Велес и зад себе има голем број објавени дела: „Недовршена љубовна приказна“ (поема), „Голтка восхит од солзите на вечноста“ (збирка песни), „Ме сакаш ли под дождот?“ (збирка раскази), „Станица Љубов“ (комедија), „Тринаесеттиот месец“ (роман), „Атена со пенис“ (роман), „Курвински хроники“ (роман), „Албино трип“ (роман), „Хотел меѓу две војни“ (роман).
Пишува сценарија за филм и телевизија.
Добитник е на многу награди:
Хотел меѓу две војни
– награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман
– награда „Рациново признание“ за најдобар роман

Промоторот Маријана Котевска-Георгиева има свои објавени дела: „Социјалниот архетип во документарниот филм“ (научно-книжевен труд), „Карши“ (збирка песни)
Пишува поезија и проза. Живее и работи во Скопје.
Хотел меѓу две војни“ е смел и богат псевдоисториски роман за љубовта на Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Забранета империја во процепот меѓу фактите и фикцијата, меѓу војните и мирот, меѓу срцата и умот во нас, но и надвор од нас. Опсада на Троја соѕидана во душата на Мустафа наспроти јуришот на тагата и болката на Елени испишани во два романа: во долгиот постмодернистички „Хотел меѓу две војни“ на Русјаков и во истоимениот кус, сентиментален роман на Елени, вгнезден во него како резервно женско срце.

Проектот е дел од годишната програма на ЦК „Бели Мугри“ за 2022 година и е со целосна финансиска поддршка од Министерството за култура на РСМ.