Признанитето „Библиотекар на годината – Павлина Цунева Маказлиева“ за м-р Љупка Стојменова од ООУ „Никола Карев“ -Кочани
Во рамките на Меѓународната литературна манифестација СРЕДБИ ПОД ЈАВОРИТЕ- ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ 2024, која се одржа во Струмица на 06.06.2024 година беа доделени признанија за „Библиотекар на годината – Павлина Цунева Маказлиева“ од јавните библиотеки и училишните библиотеки.
Во категоријата училишни библиотеки, признанитето „Библиотекар на годината – Павлина Цунева Маказлиева“ ѝ беше доделено на м-р Љупка Стојменова од ООУ „Никола Карев“ -Кочани.
Признанието е доделено за врвни достигнувања од областа на библиотекарството и информациската дејност во училишната библиотека.
