Прво место за ДПД Кочани на меѓународниот натпревар „ВИП 2024“ во Петроварадин, Нови Сад
ДПД Кочани денес го освои историскиот прв трофеј од меѓународeн карактер и тоа златен, односно прво место.

На меѓународниот противпожарен натпревар ВИП 2024 во Петроварадин, Нови Сад (Србија), ДПД Кочани настапи со две екипи.

Во силна конкуренција на 21 екипи од Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, едната екипа на ДПД Кочани го зазема првото место со дури 50 секунди предност пред второпласираната екипа.

Одлично шесто место освои и втората екипа на ДПД Кочани.


ДПД Кочани