Транснационален настан во рамките на Проектот “ВР Инклузија“ реализиран во СОУ “Љупчо Сантов”
Во периодот од 12-17.05.2024 во СОУ „Љупчо Сантов“- Кочани се одржа транснационален настан во рамките на Проектот “ВР Инклузија“, кој се реализира со финансиски средства на Европска програма наменета за развој на образованието – ЕРАЗМУС+, во кој учествуваа преставници од три држави и тоа: Португалија, Турција и нашата држава.

Идеја на проектот е промовирање на предноста на иновативниот образовен пристап „студии на случај“ базиран на ИКТ преку раскажување на приказни (360 степени видеа ) како примери за социјално вклучување (спречување на дискриминација, расизам, сајбер булинг, булинг, семејно насилство).

Целта на проектот е создавање на иновативен образовен пристап заснован на ВР во справувањето со предизвикот за социјална вклученост за обесправените групи ученици во средните училишта.

Се надеваме дека можноста да бидеме домаќини, да се дружиме и соработуваме со нашите колеги од споменатите Европски држави за нас претставува едно несекојдневно искуство кое секако ќе биде од значење за унапредување на нашите вештини за транснационална соработка и во други проекти во иднина.
СОУ “Љупчо Сантов” Кочани

