Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ – Кочани годинава го прославува својот 20 роденден, бројни активности на 01 и 02 Јуни на Пониква
Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ – Кочани годинава го прославува својот 20 роденден. Со цел обележување на овој јубилеј, на туристичкиот локалитет Пониква, на 01 и 02.06.2024 година, ќе се реализира настан со повеќе спортски активности.
За овој настан има најавено присуство на повеќе спортски клубови од Македонија и соседните држави, како и поединци, вљубеници во планината.

Во прилог Ви ја најавуваме нашата програма за овие два дена:
01.06 –сабота:
15:00ч Прием на гости ,поставување на шатори или сместување во сместувачките капацитети -хотели во Пониква
18:00ч Информација за престојниот настан и добивање на пакет со стартен број за трките
19:00 часот ќе започне забавата со Ди џеј до доцните часови со пијалоци и скара по симболични цени.
Напомена -секој си носи сопствен шатор и си го поставува на одредена локација .
Цена за спиење во хотел 800 денари.
02.06.-недела:
09:00ч Отварање на настанот , претставување на ПСК Осогово со постигнатите резултати и идни планови и старт на првата трка од 9 км која ќе започне од паркингот пред МВР до врв Панаѓур до манастирот св.Василиј
09:30ч Започнува рекреативното пешачење за сите вљубеници на планината, планинари,рекреативци и тн.по истата маршута-патека
12:00ч. Старт на најатрактивната и најтешка трка вертикален километар и за ПРВ ПАТ ќе се одржи на овој дел од Истокот на земјата ,која започнува од Ивков Преслап,по ски патека бр 3 па се до манастирот св.Василиј
13:00ч Прогласување на победниците,доделување на наградите за победниците и благодарници за сите учесници како клубови така и поединци
14:00ч Организиран ручек за сите учесници и дружење до 16ч
17:00ч Завршување на настанот до следното видување

За сите учесници на овој наш настан, ПСК Осогово ќе има обезбедено ручек, енергенси, освежителни пијалоци, Исто така и благодарници, а за првите три места во двете трки – пехари.
Стартните броеви со маичка ќе бидат по симболична цена од 350 ден
Се надеваме дека ќе ја препознаете важноста на овој настан за промоцијата на нашиот град. Овој настан е од голема важност и за нашиот клуб, клуб кој ја претставува Општина Кочани пошироко и освојува многубројни признанија. Ќе ви бидеме многу благодарни доколку позитивно одговорите за реализација на овој настан.

Напомена до сите кој планират учество со спиње дали во шатори или во Хотел пожелно е да го пријават своето учество за обезбедување на локација за шатор или резервација во хотелот најкасно 5 дена пред настанот.
Сите кој планират да учествуват во било која од двете трки исто така пожелно е пријавување поради обезбедување на трофеи и другите потребни работи.
Пријавување за сите најкасно до 28 ми мај.
Контакт тел:
Тошо 078/270-724
Стојка 071/314-482
Мирче 078/389-909
Методи 078/203-047
Александар 077/950-500
Со почит, ПСК Осогово Кочани



