На 21 мај – Хуманитарен концерт по повод месецот на младите и музиката
Ротари клуб „Кочани-Виница“ ве поканува на хуманитарен концерт „Мај- месецот на младите и музиката“Вторник 21.05.2024г, 19:00 часот, МКЦ Кочани.
Влез 200ден.
Да помогнеме да се соберат средства за доопремување на Основното Музичко Училиште Ристо Јуруков од Кочани.
Приклучете се на овој хуманитарен настан организиран од Rotary CLUB Kochani-Vinica како дел од проектот Направи разлика, имплементиран од Фондација за развој на локалната заедница – Штип, финансиран од американскиот народ преку агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Концертот е во изведба на ООМУ „Ристо Јуруков“ и е подржан од Општина Кочани.
