Матурантите од СОУ „Ѓошо Викентиев“ блеснаа на матурската и го прославија полнолетството
Матурантите од СОУ „Ѓошо Викентиев го прославија еден од најважните моменти од својот живот кога стануваат полнолетни, момент кога го поминуваат прагот помеѓу тинејџерските години и сериозноста.


Блеснаа и ги наполнија со сјај кочанските улици и градот. На прославата на матурската вечер, организирано со класните раководители влегуваа во училиштето каде што го одржаа последниот класен час.


Пред заминување на прослава во ресторан „Але Дар“ продефилираа во дворот на училиштето со своите класни раководители, а потоа се упатија пред ЦК „Бели Мугри“ каде што дефилираа на подготвената сцена.

Матурантите во дилема каде ќе го продолжат школувањето сите по малку збунети на последниот класен час си ветија понатамошни заеднички дружења, а кажаа дека годините поминати во училишните клупи никогаш нема да ги заборават.



Класните раководители задоволни од своите ученици и со тага што се разделуваат од нив, но истовремено чувствуваат и радост што нивните ученици се веќе полнолетни и зрели личности.
-Генерацијата 2020 – 2024 беа прекрасни ученици. Денеска ја прославуваат најважната вечер од средношколските денови. Беа одлични ученици сите 4 години. Ни најмал сомнеж немам дека оваа генерација матуранти ќе се надоградуваат во нивната идна професија и од нив ќе произлезат успешни граѓани на Кочани. Прекрасно поминавме во изминативе четири години и горда сум што сум класен раководител на вакви ученици, рече Кристина Јанева, класен раководител.
Дефилето на сцената пред ЦК „Бели Мугри“ го дочекаа голем број граѓани кои годинава не го штедеа аплаузот и со задоволство ги поздравија матурантите.
На сцената беа прогласени и најдобрите ученици по струки и од училиштето им беа дадени пригодни подароци и диплома. За ученик на генерацијата беше прогласен Јован Филипов.
Училиштето им врачи благодарници и на своите соработници кои сите години активно ги поддржуваа учениците во нивното учење и пракса, како и професорите во нивната работа.
Матурантите потоа се упатија во ресторанот „Але Дар“ каде славеа до раните утрински часови.