В четврток на 9. Мај започнува 11. Меѓународен фолклорен фестивал “Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора”
В четврток на 9. Мај започнува 11. Меѓународен фолклорен фестивал “Традиционални Ѓурѓовденски обичаи, песни и ора”. Фестивалот е во организација на ФА “Љупчо Сантов” од Оризари, по повод верскиот празник Ѓурѓовден.

Фолклорниот концерт во дворот на домот на културата во Оризари и дегустација на традиционални јадења е закажано за сабота 11. Мај во 18ч.

Ќе настапат фолклорни друштва од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Црна Гора.

