Градоначалникот Папазов даде отчет за сработеното во изминатите 365 дена
Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во Мултикултурниот центар даде отчет пред граѓаните за сработеното и активностите по повод една година од мандатот.

За реализираните проекти во текот на изминатата година заедно со градоначалникот говореа и секретарот на Општина Кочани, раководителот на Секторот на уредување и располагање со градежно земјиште и раководителот на Одделението за јавни дејности.

Презентираниот отчет за изминатата година содржи бројни завршени и отпочнатите проекти од различни области, работни активности во делот на инфраструктурата, културата и спортот, образованието, противпожарна заштита итн.

-Во Буџетот за 2022 година беа предвидени 265 милиони денари, со денешниот ден се реализирани околу 190 милиони денари, а до крајот на годината има уште еден месец за да се постигне планираната општинска реализација на буџетот со што ќе се создадат услов за проекти во 2023 година. Следната реализација на проекти се однесува за паметно управување со уличното осветлување, опремување на Мултикултурниот центар со тела за ладење и греење, реставрација на Споменикот на слободата, како и дигитализација на општинските услуги, истакна градоначалникот Папазов.